
Shell AutoGas
Shell е горд што на возачите им обезбедува само горива со највисок квалитет. Shell е посветен на пронаоѓање начини што овозможуваат поекономично возење, а истовремено го намалуваат влијанието врз животната средина од користењето на возилата.
Shell отсекогаш пласирал на пазарот безбедни и висококвалитетни производи, придружени со исклучителна услуга. Shell продава LPG (течен нафтен гас) повеќе од 30 години.
Shell AutoGas е паметна алтернатива. Без разлика дали секојдневно патувате на долги релации или често сте на пат, Shell AutoGas претставува економичен начин за користење на вашето возило. Не само што можете да ги намалите трошоците за гориво, туку и почистите издувни гасови на LPG значат дека придонесувате за заштита на животната средина.
Користете ја нашата алатка за пронаоѓање станици за да ја најдете најблиската локација каде што се продава LPG.